Ајнтрахт нема милост – ќе го казни Костиќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Конечно е решен конфликтот меѓу Филип Костиќ и Ајнтрахт Франкфурт. Српското крило сакаше да се пресели во Лацио, но раководството на германската екипа не го прифати трансферот.

Српскиот репрезентативец поради тоа реши да штрајкува и не беше во тимот, а не се појави ниту на тренинг. Но, тренерот реши да му даде уште една шанса, иако казна не му бега.

„Филип зборуваше со мене, екипата и директорот. Казнет е, но не сакам да откријам како. Нема да го отстраниме од тимот. Ставаме точка на таа приказна. Костиќ е дел од нашата екипа“, кажа тренерот.

Германски „Билд“ објави дека Костиќ бил казнет со 50.000 евра, а покрај тоа мора да организира и скара за соиграчите.