Академија Пандев наскоро ќе стане Брера Струмица


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новите газди на македонскиот прволигаш Академија Пандев, „Брера Холдингс“ си ги поставија целите за новата сезона, а тоа е пласман во топ-3 и излез во Европа.

Извршниот директор на компанијата, која минатиот месец купи 90 отсто од акциите на клубот, најави дека пред крај е ребрендирањето на клубот кој во иднина ќе се нарекува Брера Струмица.

„Брера Струмица за нас е стратешки клуб и прв прволигашки тим во Европа. Затоа нашите напори се да го вратиме тимот на водечките позиции“, кажа директорот Скакпели.

Екипата во моментов бара нов тренер, откако Александар Васоски претходно се повлече од клубот.