„Ако дојдеш уште еднаш на меч на Бостон, ќе завршиш во затвор!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот кошаркар на Бостон селтикс, Глен Дејвис беше присутен на четвртиот меч меѓу Бостон и Мајами.

Мечот кој беше одигран во Бостон привлече големо внимание поради присуството на Дејвис, кој го прекршил договорот со Судот.

Дејвис беше уапсен минатиот октомври затоа што е осомничен дека со уште неколку кошаркари се обидел да ја измами државата за околу четири милиони долари.

Бившиот кошаркар постигна договор и делумно го призна обвинението, па не смееше да оди на други локации, освен во Њујорк и Калифорнија.

„Немаш повеќе право на лична грешка. Доколку направиш уште еден прекршок, одиш директно во затвор“, кажа судијката.