Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Србија веќе со денови владее хаос поради пандемијата со коронавирусот, па беше воведен и полициски час, а голема бура крена напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, кој и покрај преголемите мерки на претпазливост се појави во Белград.
Неговиот татко кажа дека Јовиќ оди само до продавница, како и дека медиумите водат кампања против неговиот син.
Синоќа на оваа тема разговараше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Момчињата кои се милионери и мислат дека можат да прават што сакаат, нема да бидат толерирани. И ќе бидат строго казнети, ако не го почитуваат законот. Тие се добри момци, ги разбирам, но ако излезат од изолација, ќе бидат уапсени“, кажа Вучиќ.