„Ако ја сакате ‘Златната топка’ ќе се посветите на фудбалот, а не на ноќните забави“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинецот Лионел Меси по осми пат во кариерата ја освои престижната награда „Златна топка“, па така потврди дека е еден од најдобрите во историјата.

Коментар за доделување на наградата даде и претседателот на Бразил, Лула кој имаше совет до своите сонародници да го земат Меси како пример ако сакаат да бидат успешни.

„Меси треба да им служи како пример на бразилските фудбалери. Меси треба да биде инспирација за овие момчиња. Секој што сака да ја освои наградата, мора да се посвети на фудбалот, тоа не се прави со ноќни забави“, вели претседателот на Бразил.