„Ако ја загубиме титулата, тоа ќе биде поради овие двајца кретени“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Робин Ван Перси даде интервју за еден магазин и потсети на неговите најубави денови во Манчестер сити. Напаѓачот во 2012 година заби нож во грб на сите навивачи на Арсенал и потпиша за Манчестер јунајтед за 22,5 милиони евра со одреден бонус.

Ван Перси потпиша четиригодишен договор, но на „Олд Трафорд“ остана три години. Го носеше бројот 20 со цел да му помогне на Јунајтед да го освои 20. трофеј, а тоа се оствари на крајот.

„Фергусон знаеше како треба да се делува, кога стануваше збор за дисциплина. Во мојата прав сезона имавме 15 бодови предност пред Сити. Ако победевме ќе имавме 18, но сепак предноста беше намалена на 12 бодови. Никој не би драматизирал при толку голема предност, но Фергусон беше бесен. Тој кажа: Ако ја загубиме титулата, тогаш тоа ќе биде поради овие двајца кретени“, раскажува Ван Перси.