„Ако се откаже сезоната, тоа ќе има огромни последици!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез процени дека откажувањето на сезоната би можела да има катастрофални последици за клубовите ширум Европа.

Мартинез кажа дека не треба да се откажат натпреварувањата бидејќи многу клубови нема да може да ги издржат последиците.

„Мислам дека УЕФА и ФИФА имаат вистински пристап со тоа што приоритет ставија на домашните првенства“, кажа Мартинез.

Според неговите зборови, единствен начин клубовите да се финансираат и да опстанат е токму завршувањето на домашните првенства.

Мартинез е актуелен селектор на Белгија, а досега во кариерата ги предводеше Свонси, Виган и Евертон.