„Ако Турам беше плукнат од Пош, тогаш сите ќе зборувавме за расизам…“ 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге го коментираше инцидентот кој се случи на натпреварот меѓу Борусија Менхенгладбах и Хофенхајм.

Талентираниот Маркус Турам направи грозен потег, кога го плукна противничкиот фудбалер Стефан Пош, по што доби црвен картон.

Румениге реши да го искоментира инцидентот и се запраша што ќе се случи ако Пош го направеше тоа, односно дали ќе гледавме сцени како во Париз.

„Се прашувам што ќе се случеше ако Пош го плукнеше Турам, тогаш сигурно сите ќе зборуваа за расизам“, кажа Румениге.