Ако заминe Мартинез, Интер ќе купи двајца напаѓачи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез постојано се поврзува со заминување во Барселона, а наводно и сам сака да заигра покрај сонародникот Лионел Меси.

Доколку Мартинез потпише за Каталонците, Интер размислува кого да го купи, а тие имаат две желби кои би сакале да ги реализираат.

„Газета дело Спорт“ објави дека Пјер-Емерик Обамејанг, но и Оливие Жиру се играчите кои ги сака тренерот Антонио Конте, а управата е подготвена да му ги исполни желбите.

Договорот на Обамејанг со Арсенал завршува следната сезона, па „топчиите“ би можеле да го продадат летово за да заработат нешто од трансферот.

Жиру и во јануари беше блиску до трансфер во Интер, но тогаш не успеаа да се договорат.