Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Давид Алаба зборуваше за своите први месеци минати во Реал Мадрид и неговата соработка со Карло Анчелоти.
Одличниот австриски фудбалер на претставувањето во Реал го бакна грбот на тимот од Мадрид поради што предизвика гнев кај навивачите на Баерн Минхен.
Во разговор со „Билд“, Алаба објасни дека тоа не го направил со намера за да го „пецне“ Баерн и да заборави на времето минато во клубот.
„Тоа не значи дека повеќе не го сакам Баерн Минхен. Тоа беше посебен ден за мене. Беше почеток на нови предизвици и не сакав никого да испровоцирам. Секогаш ќе му бидам благодарен на Баерн и на навивачите што ми помогнаа да се развијам како фудбалер и како личност“, вели Алаба.