Албански фудбалер од Куманово ги провоцира Србите: Ќе ви дадеме пет гола на ЕП!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Албанскиот репрезентативец Таулант Сефери, кој е роден во Куманово, испрати провокација до Србите во пресрет на натпреварите од квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Сефери кажа дека сака да ја добие Србија во групната фаза на ЕП и сака да ѝ дадат пет гола.

„Ја сакам Србија во нашата група на Европското првенство за да ја победиме како што треба. Верувам дека може да славиме без примен гол, и тоа со 5-0“, вели Сефери.

Сефери ја почна кариерата во Работнички на 16 години, а одигра и два меча во сениорската репрезентација на Македонија.