Алегри го исфрли Погба од првиот тим на Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус нема да смета на Пол Погба за мечот против Фрајбург во осминафиналето од Лига Европа, откако тренерот Масимилијано Алегри решил да го исфрли од екипата.

Погба ги прекршил правилата, па поради тоа добил казна од тренерот на „Старата дама“ и засега не е познато кога ќе се врати во првиот тим.

Французинот доцнел на тренингот во средата, па Алегри решил да му покаже на Погба кој е главен во соблекувалната на Јувентус.

Погба долго време беше повреден, по што се врати на теренот, но има шпекулации дека Јувентус сака да го продаде идното лето.