Алегри го предупреди Роналдо и откри детали од нивниот разговор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри кажа дека Кристијано Роналдо следната сезона ќе има уште поголема одговорност, но предупреди и дека ќе има многу промени во екипата.

Алегри се појави на прес-конференцијата на стадионот на Јувентус, па ќе се обиде тимот да го врати на врвот во Серија А, а притоа и да ја освои ЛИгата на шампиони.

„Роналдо е одличен фудбалер и паметно момче. Вчера разговарав со него, како и со останатите фудбалери. Им кажав дека ова е важна сезона и дека сум среќен што ќе соработуваме. Тој има поголема одговорност сега, отколку пред три години кога имавме поискусна екипа“, вели Алегри.

Исто така, Алегри кажа дека ќе прави често промени во екипата зашто има голем број натпревари и најголемите ѕвезди некогаш ќе мора да седат на клупа поради тоа.