Алегри нема решение: Јувентус го има најлошиот старт во последните 60 години!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јувентус вакво нешто одамна не памети. Поранешниот шампион на Италија во последните 60 години немал толку лош старт на сезоната.

Последен пат кога имале толку лош старт на сезоната, по четири кола, било во далечната 1961 година, односно пред 60 години, а претходно тоа им се случи на 1955/56 и 1942/43.

Јувентус освои бод против Удинезе и Милан, а ниту еден против Наполи и Емполи, па изгледа дека со заминувањето на Кристијано Роналдо, тимот загуби вистински лидер.

„Многу сум лут поради тоа што се случи, но имавме добро прво полувреме и им дадовме само една шанса на противниците. Во второто ризикувавме да го загубиме мечот. До 1-1 имавме контрола, но потоа за жал го загубивме фокусот и енергијата…“, вели Алегри по мечот.