Алегри: Отказ? Нема шанси, мора да бидеме одговорни во тешки моменти!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус остана без 15 бодови во италијанската Серија А и сега шансата да избори пласман во топ-4 и Лига на шампиони (ЛШ) е ептен мала, но и покрај тоа тренерот Масимилијано Алегри не размислува за оставка.

„Старата дама“ поради финансиски малверзации падна на 10. место и има само 22 бодови, но тренерот Алегри кажа дека ништо не се менува, туку продолжува борбата.

„Ништо не се менува. Ќе се бориме за бодови. Пред оваа пресуда имавме 37 бодови и шанса да се бориме за титулата, но без разлика на конечната одлука не смееме да дозволиме да тагуваме и треба да бидеме максимално одговорни. Не размислувам за оставка. Ќе останам во Јувентус сè додека не добијам отказ“, кажа Алегри.