Алегри призна: Интер е друга димензија за нас!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус почна да ја губи трката за титулата во Серија А, откако вчера беше шокиран од Удинезе, по што тренерот Масимилијано Алегри ги спушти амбициите и кажа дека ќе се борат за топ-4.

Алегри призна дека не се на нивото на Интер и тоа ги налути навивачите на поранешниот италијански шампион, кои го критикуваа поради неговиот пристап кон натпреварите.

„Мора да бидеме реални. Интер за нас во моментов е друга димензија. Наша амбиција беше да бидеме блиску до лидерот, но и да завршиме во топ-4. Наш приоритет е да се вратиме во Лигата на шампиони“, кажа Алегри.

Интер е лидер со 60 бодови во Серија А, по што следи Јувентус со 53, додека Милан има 52 бода на третата позиција.