Алегри сака да донесе играч од средниот ред на Милан во Наполи


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Иако Масимилијано Алегри сѐ уште не ја презел официјално клупата на Наполи, веќе на големо се занимава со плановите за претстојната сезона, а во центарот на вниманието е средниот ред. Иднината на Франк Ангуиса и Кевин Де Брујне е неизвесна, додека Били Гилмур е надвор од строј поради повреда на коленото.

Во вакви околности, погледот на Алегри е насочен кон неговиот стар познаник и миленик, Адриен Рабиот, а ако се создадат вистинските услови, Наполи ќе се обиде да го донесе францускиот играч од средниот ред, пишува Газета.

Пред да се посвети на пазарот, Алегри треба да го финализира своето доаѓање во Наполи, што вклучува раскин на договорот со Милан и потпишување на двегодишен договор со опција за трета сезона. По тоа, името на Рабиот неизбежно ќе се најде на листата.

За Алегри, тој е совршен играч од средниот ред – физички моќен, технички поткован, играч со класа, издржливост и чувство за рамнотежа. Агресивен е во отстранувањето на топката, но е многу вешт и во влегување во противничкиот шеснаесетник. Освен што постигнува и асистира, ја поврзува играта и може да делува како штит пред одбраната. Неговото огромно меѓународно искуство е дополнителна вредност.

Сепак, доаѓањето на Рабиот зависи од судбината на Ангуиса и Де Брујне. Клубот мора да ги намали трошоците за плати, а Французинот има високи примања – во Милан оваа сезона заработуваше 3,5 милиони евра нето, а од наредната му основната плата треба да изнесува 4 милиони. Наполи би можел да си го дозволи тоа, но не додека Ангуиса и Де Брујне се уште се во тимот.