Алегри: Се чувствуваме како да ни земале нешто наше!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус одигра 3-3 против Аталанта на домашен терен во првиот меч по казната со која им беа одземени 15 бодови во Серија А.

„Старата дама“ беше во одлична форма и беше блиску до борбата за титула, иако Наполи во моментов делува одлично во Серија А.

Со одземените 15 бодови Јувентус падна дури на 10. позиција, а тоа не му се допадна на тренерот Масимилијано Алегри.

„Момците играа против талентиран состав. Не е лесно да се остане фокусиран по казната, но тие се одговорни и имаат желба да продолжат со работа. Ние треба да продолжиме да ја работиме нашата работа, иако се чувствуваме како да ни земале нешто наше“, вели Алегри.