Алегри за Скудетото: Треба да останеме цврсто на земја…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус вчера славеше со 1-0 против Наполи и се искачи на првото место во Серија А, но тренерот Масмилијано Алегри смета дека е рано да се зборува за титулата.

Дефанзивецот Федерико Гати беше единствениот стрелец на голот против Наполи.

„Оваа победа е важна затоа што го оставивме Наполи на 12 бодови зад нас. Треба да одиме чекор по чекор и да останеме цврсто на земја. Овие фудбалери работат напорно. Нема смисла да се гледа во иднината, туку треба да мислиме на сегашноста. Се надевам дека ќе играме на ист начин до крај на сезоната“, вели Алегри.