Алексис Санчез откри кој го убедил да си замине од Манчестер Јунајтед и да се пресели во Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алексис Санчез истакна дека тој бил убеден од страна на Ромелу Лукаку да се приклучи на Интер во летниот преоден рок.

Санчез ќе се обиде да ја оживее кариерата на Апенините по катастрофалниот престој во редовите на Манчестер Јунајтед.

„Среќен сум што се враќам во италијанскиот фудбал, па ќе видиме како ќе испадне. Сакам да го правам само надјоброто за мене, за тимот и за фановите на Интер. Може да зборуваме за шампионатот, јас сум овде да освојам нешто. Присуството на Конте е клучно. Лукаку е среќен овде и тој ме убеди да дојдам“ –истакна Санчез за „Скај Спортс“.