Алиоски доби друштво од Челси: Батшуаи го засили Фенербахче


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Миши Батшуаи никогаш не доби вистинска шанса во Челси, па затоа летово реши да си замине од англискиот гигант и негова следна дестинација е Фенербахче.

Батшуаи пристигна во Челси во 2016 година, а од тогаш одигра само 77 меча, при што постигна 25 гола и шест асистенции, па летово најпрво си договори трансфер во Нотингем Форест, но истиот пропадна поради тоа што администрацијата на „сините“ не ги испратила навреме документите.

Искусниот напаѓач веднаш пронајде нов ангажман и се приклучи на Фенербахче, каде што игра македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, а засега не се познати финансиски детали од соработката.