Алиоски избран во тимот на сезоната во Саудиска Арабија (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски имаше одлична сезона во Саудиска Арабија со Ал-Ахли, па притоа учествуваше во 14 голови и така стана дел од тимот на сезоната.

Алиоски во најдобриот тим е заедно со уште неколку фудбалери, меѓу кои најпознати се Банега, Игало, Талиска, Енрике и Стојковиќ.

Македонскиот фудбалер минатата година се пресели во Ал Ахли како слободен играч од Лидс, а најверојатно ќе остане во С. Арабија, иако постои интерес на голем број екипи.