Алиоски ќе се врати во Саудиска Арабија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски се враќа во Ал Ахли, откако му заврши позајмицата во турскиот гигант Фенербахче.

Алиоски пред две години замина од Лидс и потпиша за Ал Ахли, но по само една сезона екипата испадна во Втора лига, по што беше испратен на позајмица.

Ал Ахли се врати во елитата во Саудиска Арабија, па Алиоски би можел да остане во клубот по враќањето од позајмицата.