Алиоски се договорил со турски гигант?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е стандарден во екипата на Лидс јунајтед, но очигледно ќе ја напушти Премиерлигата на крајот на сезоната и ќе замина во Турција.

Турските медиуми пишуваат дека Алиоски се договорил со гигантот Галатасарај, а деталите наскоро ќе бидат достапни и за јавноста.

Алиоски има договор со Лидс до крајот на сезоната, но премиерлигашот наводно не му понудил нова соработка, па македонскиот репрезентативец целосно бесплатно ќе си замине од екипата.