Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Њукасл почна да прави ремонт на екипата, па најново засилување во стручниот штаб треба да биде спортскиот директор од Лидс, Виктор Орта, кој го донесе македонскиот лев бек Езгјан Алиоски во екипата од Лугано.
Орта е фаворит за спортски директор во Њукасл пред зимскиот преоден рок, кога се очекува тимот да потроши многу пари на засилувања, а тоа предизвика и шпекулации во англиските медиуми дека можеби Алиоски ќе се врати во Премиерлигата.
Алиоски потпиша за Ал-Ахли на почетокот на сезоната, но потоа се појавија шпекулации дека сака да си замине од Саудиска Арабија, па ова најверојатно ќе биде идеална шанса за такво нешто.
Њукасл до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во лигата, по што на лет следи целосна реконструкција и фудбалери за борба за врвот во Англија.