Алисон го продолжи договорот со Ливерпул до 2027 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот голман Алисон Бекер го продолжи договорот со Ливерпул до 2027 година, па така премиерлигашот си обезбеди квалитетен чувар на мрежата уште многу години.

Алисон од доаѓањето во Ливерпул во 2018 година ја освои титулата во Лигата на шампиони и во Премиерлигата.

„Откако дојдов во Ливерпул, почнав да освојувам трофеи со неверојатниот тим. Почнав да се развивам како човек“, вели Алисон.

Алисон во кариерата бранеше уште за бразилски Интернасионал и Рома, а пред него со Ливерпул договорите ги продолжија Фабињо и Александар-Арнолд.