Алисон има повеќе асистенции од најскапото засилување на Манчестер сити (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден податок од рубриката „верувале или не“ ни доаѓа од англиската Премиерлига, каде што голманот на Ливерпул, Алисон Бекер има повеќе асистенции од најскапото засилување во историјата на Манчестер сити, Џек Грилиш.

Алисон му асистираше на Мохамед Салах за победа против Манчестер сити во дербито на „Енфилд“, а тоа беше втора асистенција за бразилскиот голман.

Интересно е тоа што статистиката покажува дека Грилиш во 2022 година има само една асистенција во англиската лига и така е зад голманот Алисон.