Алисон тренираше со друг клуб и побарал од новинарите да не го фотографираат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Ливерпул Алисон, судејќи според написите во медиумите побарал од медиумите во Бразил да не го фотографираат додека тренира со друг клуб.

Секако, страв за навивачите на Ливерпул нема. Алисон само ја искористи приликата да остане во форма додека е во отсуство.

Првотимците на Ливерпул, имено, добија неколку слободни денови пред гостувањето во Норвич, наредната недела.

Тренерот на Редсите, Јирген Клоп претходно истото го направи во четвртата рунда од ФА купот против Шревзбери и го прати У23 тимот на Ливерпул, со цел првиот тим да одмори што повеќе.

Голманот Алисон така се врати во родниот Бразил, а виден е на култната Маракана каде го подреше својот брат Муриел кој настапува за Флумиенсе.

Бразилските медиуми информаа дека Алисон го посетил и тренинг кампот на Флумиенсе о таму одработил тренинзи за да остане во форма. Алисон наводно одработил три тренинга со младинскиот тим на Флумиенсе, додека неговиот брат Муриел и првиот тим се спремаа за меч во Копа Судамерикана.

„О Глобо“ пишува дека Алисон побарал од медиумите да не го фотографираат во текот на тренинзите, иако неговото доаѓање во Флумиенсе предизвика многу внимание.