Алкараз е чудо: Преживеа меч-топка на ривалот и со пресврт го елиминира Синер!


Од втора лига, до спасител на Германија - 12 ден ↓↓↓



Талентираниот шпански тенисер Карлос Алкараз се пласира во своето прво полуфинале на Ју-Ес Опен, откако со неверојатен пресврт го елиминира Јаник Синер со 3-2 во сетови, односно 6-3, 6-7, 6-7, 7-5 и 6-3.

Мечот траеше повеќе од пет часа, а Шпанецот на крајот стигна до победа против Синер, иако тој беше блиску до победа, откако не искористи една меч-топка.

Алкараз со оваа победа остана во трка за првата позиција на АТП-листата, но зависи од полуфиналните дуели, каде што Шпанецот игра против Френсис Тиафо, додека Каспер Руд ќе се пресмета со Карен Хачанов.

Доколку победи било кој од нив, Алкараз или Руд, тогаш нивно ќе биде првото место, а до прво место може и Рафаел Надал, ако тие испаднат во полуфинале.