Алкараз вовлечен во измама на социјалните мрежи: Тажен сум!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Карлос Алкараз ги повика неговите фанови на социјалните мрежи да внимаваат на измами на некои лица кои сакаат да профитираат од неговата популарност.

Алкараз ги предупреди фановите дека постои шема на заработка во која луѓе се претставуваат како победници на Вимблдон и нудат опција да се запознаат со навивачите за одредена сума.

„Постојат лица кои се претставуваат во мое име и на моите фанови им нудат запознавање за одредена сума на пари. Тажен сум што некој сака да ме искористи“, кажа Алкараз.

Шпанецот неодамна го освои Вимблдон, откако во финалето беше подобар од Новак Ѓоковиќ со 1-6, 7-6, 6-1, 3-6 и 6-4.