Алкараз збесна по неспортски потег на Музети (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карлос Алкараз доживеа пораз во финалето на турнирот во Хамбург од Лоренцо Мусети со 4-6, 7-6 и 2-6 во неизвесен натпревар.

Музети има 20 години, па ова е еден од неговите најголеми успеси во кариерата и најава дека го чекаат добри денови во иднина.

Во завршницата на вториот сет се случи една ситуација, која го изнервира Алкараз, откако претходно неговиот ривал направи неспортски потег.

При еден поен, каде што беше јасно дека топчето двапати ја допре земјата, Музети се правеше како да не се случило тоа и го врати топчето.

Тоа го изнервира Алкараз, кој почна да вика и да се буни кај судијката, но залудно.