Алонсо ќе бира меѓу Баерн и Ливерпул – познато е кој е фаворит!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тренер Чаби Алонсо се наоѓа пред голема дилема бидејќи добил понуди од Баерн Минхен и Ливерпул, па на крајот на сезоната ќе мора да реши каде сака да ја продолжи кариерата.

Алонсо оваа сезона има одлични резултати со Баер Леверкузен и сè уште не знае за пораз, односно е блиску до титулата во Бундеслигата.

Поради тоа во битката за неговиот потпис се вклучија две екипи кои на крајот на сезоната остануваат без тренери, а според „Скај Спортс“, фаворит за Алонсо е Баерн.

„Алонсо е фокусиран на освојување на тројната круна и на Баер Леверкузен. Не сака премногу да зборува за Баерн. Не е 100 отсто подготвен да ја прифати понудата од Баерн“, вели новинарот Флориан Плетерберг.