Алонсо: ќе се борам за нова шампионска титула во Ф1


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најголемо изненадување на првата трка во Формула 1 оваа сезона беше Фернандо Алонсо, кој со неговиот Астон Мартин го освои третото место.

Алонсо со болидот на Астон Мартин имаше одлична трка, па заврши пред конкурентите од Ферари и Мерцедес.

„Повторно се чувствувам жив. Имаме одличен болид и неверојатна екипа. Мислам дека ова ќе биде наша сезона. Јас одам на шампионска титула“, кажа Алонсо.

Легендарниот Шпанец веќе двапати ја освои титулата во Ф1, и тоа во 2005 и 2006 година, а по првата трка во Бахреин делува дека има болид за изненадување.