Алонсо: Моите мисли беа само во Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона му го продаде Пјер-Емерик Обамејанг на Челси, а за возврат доби 14 милиони евра плус дефанзивецот Маркос Алонсо.

Левиот бек пристигна во каталонскиот гигант и потпиша договор до јуни 2023 година, по што во интервју кажа дека е среќен што ќе игра за Барселона.

„Среќен сум што конечно дојдов во Барселона. Мислев само на овој тим. Долго време сакав да се преселам во Барселона и мислам дека го направив вистинскиот потег. Многу е невообичаено да се игра во клуб каде што играше татко ми. Ова е уште една добра причина за мојата преселба во Каталонија“, кажа Алонсо.