Алонсо сака засилување од 100 милиони евра за Реал Мадрид

Чаби Алонсо, тренерот на Реал Мадрид, напорно работи на формирање на тимот за идните сезони, со веќе поставени конкретни трансфер планови.

На врвот на неговата листа на желби е турскиот младешки талент Кенан Јилдиз, кој се смета за еден од најветувачките играчи во Европа и веќе е предмет на интерес од неколку големи европски клубови.

„Чаби Алонсо е решен да го донесе Јилдиз во Реал Мадрид. Подготвен е на длабоки промени во тимот – единствениот кому му се гарантира позицијата е Мбапе. Во Јувентус, Јилдиз моментално е проценет на околу 100 милиони евра“, открива Бранкини.