Алонсо во конкуренција за втор возач на Ред Бул?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанскиот возач Фернандо Алонсо вози одлично во Формула 1, иако има 42 години, а токму поради тоа од следната сезона би можел да му биде тимски колега на Макс Ферстапен.

Луис Хамилтон пред почетокот на сезоната реши потпише за Ферари и да вози за италијанскиот тим од 2025 година, а токму тоа ќе предизвика голем број „трансфери“ во следниот период.

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер кажа дека сè уште ги разгледуваат можните опции за следната сезона и за тоа кој би можел да биде замена за Серхио Перез, а токму името на Фернандо Алонсо почна да се споменува во шпанските медиуми.

Да потсетиме, од следната сезона без тим ќе биде и актуелниот возач на Ферари, Карлос Саинц.