Алтхаус: Ќе навивам за Македонија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Ања Алтхаус доби улога во Ракометната федерација на Македонија (РФМ), а пред мечот против Германија кажа за кого ќе навива.

Во пресрет на мечот меѓу Германија и Македонија на Европското првенство (ЕП), Алтхаус кажа дека ќе навива за Македонија.

„Јас сум дел од селекцијата на Македонија која игра против Германија. Како член на македонската репрезентација немам дилема за кого ќе навивам. 100 отсто ќе навивам за Македонија“, кажа Алтхаус.

Алтхаус веќе некое време е во љубовна врска со репрезентативецот Томислав Јагуриновски.

„Односите ни се на професионално ниво. Сите знаат дека сме во врска, но тоа нема допирна точка со нашите ангажмани“, посочи Германката.