Алвеш го згазда грбот на Барселона, а потоа покажа неверојатна почит кон тимот 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона на домашен терен го совлада Атлетико Мадрид со 4-2, а каталонскиот гигант одигра еден од најдобрите натпревари во последната година и по пресврт го совлада големиот ривал.

Атлетико погоди во осмата минута преку Караско, но потоа Алба со волеј израмни на 1-1, а до крајот на првиот дел Гави и Араухо стрелаа за 3-1.

На почетокот на второто полувреме Алвеш погоди за 4-1, додека Суарез ги постави конечните 2-4 и така Барселона освои големи три бода.

Додека со соиграчите го славеше голот, Алвеш забележа дека во еден момент го згазна грбот на Барселона, па веднаш реши да се тргне од почит кон клубот.