Алвеш излезе пред судијата – му се закануваат 15 години затвор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш се појави на Суд во Барселона за да сведочи пред судијата кој ги истражува обвинувањата за сексуалниот напад.

Алвеш е обвинет за сексуален напад на млада жена во ноќен клуб во Барселона на 30 декември, по што од 20 јануари е во притвор.

Бразилецот претходно ги отфрли обвинувањата и негираше дека ја сретнал жената, по што призна дека имал односи со неа, откако таа се согласила.

Според шпанскиот закон, кој беше усвоен минатата година, ваквиот напад може да се казни и со затвор до 15 години.

Алвеш во текот на кариерата освои 42 титули, меѓу кои и три трофеи во Лигата на шампиони (ЛШ) со Барселона.