Алвеш заврши во затвор, па остана без клуб!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш беше уапсен поради наводен напад врз девојка во ноќен клуб во Барселона на 30 декември.

Судијата реши засега да не му биде дозволено да плати кауција, па ќе остане зад решетки некое време.

Бразилецот ги негираше обвинувањата, додека заштитената девојка тврди дека ја допирал без дозвола, по што ја истепал и ја силувал.

Алвеш во меѓувреме остана и без клуб, затоа што управата на Пумас од Мексико реши да го отстрани од тимот бидејќи не толерира такво однесување.