Американците удрија по Ѓоковиќ: Заработи 100 милиони, а донира 30.000 – тоа е мизерно!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот новинар Бен Ротенберг повторно го критикуваше Новак Ѓоковиќ, овој пат поради висина на износот која планириаше да ја донира на послабо рангираните тенисери.

Ѓоковиќ на почетокот на корона-кризата објавии план за да може подобро рангираните тенисери и успешни колеги да им донираат пари на тие што не можат да преживеат.

Планот беше најдобро рангираните да донираат по 30.000 долари, а останатите во топ-100 нешто помалку.

„Планот на Ѓоковиќ беше да донира 30.000 долари. Но, тој заработи повеќе од 100 милиони во текот на кариерата. Тоа е отприлика половина од тоа што го заработи зза да испадне во првото коло на Австралијан опен“, вели Ротенберг.