Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголемите шпански клубови Реал Мадрид и Барселона ќе се соочат на 24 јули во Лас Вегас во пријателски меч, а на теренот нема да заигра францускиот напаѓач Карим Бензема.
Тренерот Карло Анчелоти го собра поголемиот дел од првиот тим пред турнејата во САД, додека Бензема доби продолжен одмор на уште неколку дена.
Напаѓачот доби од клубот дополнителен одмор за да одмори поради обврските со француската репрезентација во минатиот месец.
„Мундо Депортиво“ објави дека Бензема на „кралевите“ ќе им се прикллучи на 19 јули, но сепак ќе заигра дури на 2 август против Олстар-тимот на МЛС-лигата.