Анчелоти даде големо ветување пред „Ел Класико“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид игра против Барселона во шпанскиот Куп и ќе се обиде да им се одмазди на Каталонците за поразот во Суперкупот.

Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти го анализираше поразот од 1-3 во Суперкупот, а на прес-конференцијата кажа дека неговите фудбалери нема да ги повторат грешките.

„Мора да имате карактер и храброст да се соочите со ваков притисок. Возбудени сме што ќе играме против Барселона. Не сме далеку од финале. Ја анализирав играта на Барселона и во Суперкупот ни недостигаше сила, но ви ветувам дека грешките нема да се повторат“, кажа Анчелоти.

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Барселона се игра вечерва од 21 часот.