Анчелоти додаде ѕвезда на Челси во листата со желби: Реал Мадрид ќе ја земе целосно бесплатно?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челси се наоѓа во одлична форма и за пораз не знае одамна, па во моментов е еден од главните фаворити за освојување на сите можни трофеи, од Лигата на шампиони (ЛШ) до Премиерлигата.

Меѓутоа, во моментов Челси не може да постигне договор со нивниот одличен дефанзивец Антонио Рудигер, кој сака да замине од клубот доколку не му ги исполнат барањата.

Британски „Гол“ објави дека Реал Мадрид ќе биде следна дестинација во кариерата на Рудигер, кој би можел да биде одлична комбинација заедно со Давид Алаба.

Рудигер бара годишна плата од 12 милиони евра, а тоа е зголемување на сегашната плата која ја има во Челси, но премиерлигашот не сака да му го исполни тој услов, па поради тоа Германецот можеби ќе си ја бара среќата на друго место.