Анчелоти го објасни поразот на „кралевите“ од Лајпциг (Видео)


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Лајпциг (2-3) во петтото коло од групната фаза во Лига на шампиони (ЛШ).

Тренерот на шпанскиот шампион, Карло Анчелоти зборуваше за дуелот кој немаше големо значење за „кралевите“.

„Откако го примивме вториот гол, Лајпциг почна да игра на контра-напади и тоа им одговараше. На крајот првите два гола се покажаа решавачки. Лајпциг ја презема контролата и го доби натпреварот“, кажа Анчелоти.

Реал Мадрид веќе обезбеди место во осминафинале на ЛШ и има 10 бода на првата позиција, по што следи Лајпциг со еден бод помалку.