Анчелоти го посрамоти Азар, Бејл „прсна“ од смеење покрај Јовиќ: Дали ќе добијат казна? 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид доживеа неочекуван пораз од Атлетик Билбао и беше елиминиран од шпанскиот Куп со гол во 89. минута.

На натпреварот поради повреда го немаше Карим Бензема, но ниту Лука Јовиќ, Герет Бејл и Еден Азар кои останаа на клупа, иако се очекуваше некој од нив да го замени Французинот.

Тренерот Карло Анчелоти во еден момент го испрати Азар на загревање, по што го врати на клупата и го посрамоти, а тоа го натера Бејл да „прсне“ од смеење.

„Го заменив Крос за Камавинга поради замор. Имав право на уште измени и планирав да ги користам во продолженијата, но за жал тие постигнаа гол и не ми остана време да пуштам други играчи на теренот“, вели Анчелоти.