Анчелоти: Го прашав Камавинга дали ќе игра бек или ќе седи на клупа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти имаше прес-конференција пред мечот против Наполи во Лигата на шампиони (ЛШ).

Анчелоти зборуваше за Лука Модриќ, но и за Едуардо Камавинга за кој откри интересни детали од разговорот.

„Дали ќе игра Камавинга како лев бек? Тој е еден од опциите. Добро е што може да игра на повеќе позиции. Не му е проблем да го прашате дали ќе игра како лев бек или ќе седи на клупа. Го прашав дали ќе игра како лев бек и тој ми кажа дека ќе игра“, вели Анчелоти.