Анчелоти го прогнозираше финалето во ЛШ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти во разговор со директорот на Милан, Паоло Малдини ги кажал неговите очекувањата за тоа кој ќе игра во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Анчелоти на поранешниот фудбалер на Милан му кажал дека го чека во финалето во Истанбул, а тоа го потврди и Малдини.

„Знаете што е проблемот? Анчелоти има недовршена работа во Истанбул. Веднаш по ждрепката ми кажа: Паоло, се гледаме во финале, нели? Нема да биде лесно, но се надеваме дека ќе се сретнеме во Истанбул. Мотивирани сме“, кажа Малдини.