Анчелоти ја најави својата пензија!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најтрофејните тренери во историјата, Карло Анчелоти донесе одлука кога ќе се пензионира.

Во интервју за италијанските медиуми, Анчелоти кажа дека ќе ја заврши кариерата кога ќе реши да го напушти Реал Мадрид.

„Оваа фаза во Реал ќе биде крај на мојата кариера. Ќе заминам во пензија по Реал. Ова е врвот на фудбалот, таму планирам да ја завршам кариерата“, кажа Анчелоти.

Анчелоти повтори дека Карим Бензема треба да ја добие „Златната топка“ затоа што многупати постигна решавачки голови за тимот.

Италијанецот, сепак, не откри кога планира да си оди од екипата на Реал, туку кажа дека ќе се фокусира на повторување на успеси од претходната сезона, односно освојување на што е можно повеќе трофеи.