Анчелоти кажа дали ќе купи уште некој фудбалер, а потоа изненади: Азар ќе ве воодушеви!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид летово се бореше за потписите на Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, а на крајот не доби ниту еден од нив, но сепак успеа да ги ангажира Орелиен Чуамени за 80 милиони евра, како и Антонио Рудигер, кој пристигна бесплатно.

Тренерот Карло Анчелоти е задоволен со екипата која ја има за следната сезона, па откри за медиумите дека не планира да ангажира повеќе засилувања.

„Чуамени и Рудигер ќе ни донесат многу квалитет во екипата. Рудигер е одличен дефанзивец и без сомнеж ќе ги пополни дупките во одбраната. Имаме опции и во нападот. Карим Бензема е главен, но оваа сезона ќе биде чудна поради Светското првенство, кое ќе се игра на крајот на годината. Со оглед на квалитетот на Азар, тој ќе биде добро решение за нападот. Нема повеќе да купуваме фудбалери“, кажа Анчелоти.